Прилепчанчето Никола Павлески постигна победа на Европското првенство за шахисти до 18 години, на првенството што се одржува во Будва (Црна Гора). Во рамките на 2. коло, Павлески со бели фигури го совлада Артом Андриенко (Украина). Објавуваме фотографија од завршницата на мечот. Инаку, претходно, во 1. коло, Павлески загуби од ФМ Јан Домин (Украина). Денеска, во 3. коло, прилепчанчето (член на ШК Алкалоид од Скопје) игра против Дениел Сафаров (Грузија).
Во истата категорија до 18 години Македонија ја престатвува и ФМ Антон Златков (и тој член на ШК Алкалоид од Скопје) – со пораз на стартот од Леонардо Маглиони (Италија), а победа во 2. коло над Димитрије Вујовиќ (Црна Гора). Денеска игра со Вилиус Руткис (Литванија).
На Европското учествуваат 48 држави, меѓу нив и Македонија со 21 шахист, а во нив има и прилепчанка -Теодора Ѓорѓиеска (ШК Прилеп) во групата 87 девојки до 16 години. Таа на стартот загуби од ФМ Лала Хусејнова (Азербејџан), во 2. коло изваде реми со Амбре Торе-Јосо (Монако), а денеска игра со Ела Бурсали (Турција).
Европското почна завчера и ќе трае до 7 ноември.