Екипата Мега баскет од Прилеп игра одлично есенва во А – групата од Првата лига на Македонија, а меѓу најистакнатите поединци е плејмејкерот Владимир Враниќ од Србија. Тој досега беше единствениот странец во екипата, а отсега па во иднина ќе има македонско државјанство. Според тоа, тој е Македонец, како и сите други во клубот, па на тој начин се отвора место за доведување нов странец, на позицијата центар.
Што се однесува до првенството, следи 3. рунда и нов меч во салата од ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, Мега баскет – Водно санс. Се игра в недела од 16.15 часот и се очекува полна трибина со публика. Прилепскиот тим оди на трет есенски триумф, со оглед на претходните две победи, последната со Тетекс во Тетово, 85:78, кога најмногу поени (23) постигнаа токму Владимир Враниќ.
ДРУГИ МЕЧЕВИ: Вардар – Охрид, Младинец – Црн Дрим, Тетекс слободен.
ТАБЕЛА: Охрид, Мега баскет и Вардар 4, Водно санс и Тетекс 2, Црн Дрим и Младинец 1.