Дерби на 10. коло од Втората фудбалска лига на Македонија, дерби за многу публика, е Победа – Шкендија А. Се игра денеска, сабота, од 13.30 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Препорака е фудбалските љубители совреме да се упатуваат кон стадионот, поради тоа што мечот почнува порано отколку претходните мечеви есенва, а и поради тоа што владее голем интерес и се очекуваат илјадници посетители на трибината. Секое големо дерби носи многу публика, а така е и денешното. Гостинот (Шкендија) нема пораз на 9 меча, туку 2 нерешени и 7 победи, така што со 23 бода го дели врвот и е со амбиции да биде прволигаш, додека домаќинот (Победа) иако има скромни 10 бода на 11. место, очигледно е дека во последно време покажува квалитет рамен на водечките екипи во лигата, каде уште е и штипска Брегалница.
Во врска со денешното дерби, еве ги и можните постави,
ПОБЕДА: Дарко Тофилоски, Мартин Талески, Лука Варошаноски, Лука Трајкоски, Гоце Кузманоски, Давид Јошески, Димитар Шаркоски, Никола Павлески, Филип Димоски, Давид Дебрешлиоски, Мохамед Ахмедов. Тренер: Филип Мирчески.
ШКЕНДИЈА А.: Баки Алиу, Јусуф Каба, Амир Нухија, Фикрет Љиварека, Александар Ѓорѓиески, Јасир Беќири, Христијан Коцев, Еркан Шаип, Кристијан Чурлинов, Љупчо Трпески, Арсим Љамалари. Тренер: Љупчо Марковски – Калц.
Фудбалската федерација на Македонија ги делегира: главен судија Сашко Ристов (Струмица), помошници Давор Дашлиевски (Кавадарци) и Кирил Манчев (Валандово), четврти судија Јордан Јовановски (Гевгелија), делегат Лазар Проданов (Валандово), контролор Илир Сеља (Струга), комесар за безбедност на ФФМ Славко Дукоски.
ДВОЈКИ 10. КОЛО: Победа Прилеп – Шкендија А., Новаци – Големо Коњари, Тетекс – Осогово, Кожуф – Беласица, Вардар Н. – Слога В., Брегалница Ш.– Детонит, Саса – Скопје, Преспа – Охрид.
ТАБЕЛА: Брегалница Ш. и Шкендија А. 23, Охрид 18, Скопје и Детонит 17, Кожуф и Беласица 16, Осогово и Новаци 13, Саса и Победа 10, Вардар Н. 9, Тетекс 7, Преспа 6, Слога В. и Големо Коњари 3.