Во групата А од Првата кошаркарска лига на Македонија се одигра 1. рунда, во таа рамка и мечот Мега баскет (Прилеп) – Црн Дрим (Струга). Во салата на ООУ „Добре Јованоски“ прилепскиот тим, засилен со Србинот Владимир Враниќ и неколкумина од други македонски градови, победи со резултат 86:80. Беше докрај неизвесно, но издржа клубот во кој главен тренер е битолчанецот Благој Печалов, помошник Сашо Костоски, претседател Данаил Домлески. Најдобри стрелци во прилепскиот состав: Владимир Враниќ 21, Александар Јовановски 17, Блажо Митков 15, Христијан Радически 12, Даниел Балоски 10 поени.


РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО: Мега баскет (Прилеп) – Црн Дрим (Струга) 86:80, Вардар (Скопје) – Тетекс (Тетово) 99:65, Водно санс (Скопје) – Охрид денеска, а Младинец (Скопје) е слободен.


Во идното 2. коло во Тетово се игра дуелот Тетекс – Мега баскет.