Фудбал

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ШКЕНДИЈА: ПОБЕДА Е ГОЛЕМО ИМЕ И МИЛО МИ Е ШТО СЕ ВРАЌА ПУБЛИКАТА!

За некој спортски настан да е вистинско дерби треба публика, а обратно – за да има многу публика треба да се случува дерби-дуел, едното со другото се поврзани. В сабота од 13.30 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е мечот од 10. рунда на Втората фудбалска лига на Македонија, Победа – Шкендија Арачиново. Дерби е иако игра 11-тиот против 2-иот, бидејќи домашниот тим во последните кола го покажува своето вистинско лице, своите амбиции за да се искачува на табелата, додека за гостинот јасно е дека целта му е прволигашкото друштво. Подолу е изјавата на Исуф Бајрами, претседателот на ФК Шкендија од Арачиново:

– Победа е големо име на клуб. Нашиот клуб немал можност да биде прволигаш, така што оваа сезона нашата цел е да запишеме нова страница во нашата клупска историја. Во врска со саботниот меч, мило ми е што се враќа публиката на прилепскиот стадион. Убаво е да се игра пред многу гледачи – порачува Бајрами.

Изјавата е извадок од разговорот со Исуф Бајрами во емисијата „Прилепски спорт на Радио Холидеј“ којшто може комплетно да се ислуша на следниот линк:

 

 

Од категоријата

(фото, видео, резултати, стрелци) ПАК ДВА ГОЛА ОД АРИФИ ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ДЕНЕСКА ЧАС ПОРАНО НА СТАДИОН!

Зоран Иге

(фото) ГОЛ ОД ПРЕКУ ЦЕНТАР ВО МАЛ ФУДБАЛ!!!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион