Токму ова го посакува секој фудбалски љубител од Прилеп, ова што се случува од 27 септември наваму со екипата Победа. Доживеан е само 1 пораз, а постигнати 3 победи, освоени уште 9 бода, за вкупно 10, што ја подигна атмосферата, расположението, така што со оптимизам се очекува претстојното второлигашко дерби дома со Шкендија Арачиново.
– Очекувам полна трибина. Очекувам да бидат и навивачите „мајмуни“. Гледам се мобилизираат. Треба, конечно, да живни градов. Да бидеме поддржани, токму сега ни треба „дванаесеттиот играч“, а со полна трибина в сабота можеме до триумф, четврти во петте последни дуели – вели Давид Дебрешлиоски, фудбалер на Победа.
Се знае дека ситуацијата во клубот е мошне тешка, најтешка, но и на тој финансиски план постои надеж дека ќе има пресвртница. Се чека поддршка од приватни компании, од странство каде што се организираат акции за помош, но и од Општина Прилеп, каде е изгласана донација од милион денари, а се чека само реализација на таа одлука. Сите до еден во клубот даваат максимум и на тренинзи и на натпревари, да покажат дека заслужуваат таква поддршка.
– Го очекуваме тој милион. Треба да се случи следнава недела, според последните информации. Го очекуваме и многу ни е потребен – порачува Дебрешлиоски.
Разговорот со Давид Дебрешлиоски е од емисијата „Прилепски спорт на Радио Холидеј“од денешното издание кое ќе се емитува во 10.40 часот на 102.1 MHz FM или на
https://radioholidej.com.mk/?radio_player=1
линк за аудио