Фудбал

ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛЕРИ НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Одмор е во фудбалските клубови, но фудбалерите не мируваат и одржуваат индивидуални тренинзи или во мали групи. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, околу теренот кој се чува и дотерува за следната сезона, забележавме неколкумина членови на прволигашки клубови. Тука е голманот Дарко Тофилоски (Беса), играчите од средниот ред Даниел Карчески (Тиквеш), Дарко Анѓелески (Силекс) и Јорданчо Наумоски (Пелистер). Во врска со претстојното првенство, дознаваме дека Тофилоски сигурно продолжува во Беса, исто како и Анѓелески во Силекс, додека Јорданчо Наумоски очекува продолжување на договорот со Пелистер (заедно со другите прилепчани таму – Марио Наумоски, Давид Јошески, Марио Дебрешлиоски и Бојан Спиркоски). Што се однесува до Карчески, тој се раздели од Тиквеш и наскоро ќе се знае неговиот нов клуб.

Сите до пред некоја сезона беа заедно – во Победа.

Од категоријата

СОБРАНИЕТО Е ВЕДНАШ ПО ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: КАКОВ Е ОДНОСОТ ТРЕНЕР – СПОРТИСТ – РОДИТЕЛ?

Зоран Иге

(резултати, стрелци…) САМО ДВЕ ЕКИПИ СЕ БЕЗ ПОРАЗ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе