Фудбал

ПРИЛЕП: ТРЕНЕРОТ ПОВИКУВА НА ПОЛНА ТРИБИНА ЗА ПОДДРШКА НА ИГРАЧИТЕ ПРОТИВ ШКЕНДИЈА!

По подолго време претстои дерби-меч во Прилеп, Победа – Шкендија Арачиново, во 10. рунда од Втората фудбалска лига на Македонија. Дерби е затоа што го привлекува вниманието, а тоа е така затоа што во Прилеп, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ гостува екипа којашто има најмногу бодови (23, колку и штипска Брегалница), а домашниот тим иако со 10 бода е со звучно име Победа, спомнувано и на меѓународната сцена, а во последно време во процес на консолидација и шанса за пробив нагоре на табелата. По последниот триумф со 1:2 на гости во Струмица, со Беласица, оптимизмот, вербата, надежта, се враќаат меѓу прилепчаните.

– Им зборував во клубот дека имаме квалитет со секој противник да се носиме, само ако го дадеме максимумот. Истото го мислам и пред овој меч дома со Шкендија Арачиново, екипа навистина квалитетна, со серија позитивни резултати – вели Филип Мирчески, шефот на Стручниот штаб.

Прилеп е препознатлив по публиката, а таа се собира за дерби-мечеви каков што е претстојниот в сабота. Меѓу навивачите се одвиваат такви разговори за масовно одење на трибината, а исти се очекувањата и во прилепскиот клуб.

– Искрено, се надевам дека ќе има многу публика, многу поддршка, потребна на сите, особено на младиве играчи. За нив е големо искуство пред полна трибина да се игра. Оттука, се надевам дека ќе биде исполнета како во минатото.  Впрочем, овие резултати дадоа надеж дека Победа може да се врати на вистинските патеки. Ситуацијата во клубот е тешка, ова што е успех е најмногу по заслуга на играчите, тие заслужуваат поддршка и затоа се надевам на полна трибина в сабота – порачува Мирчески.

Потсетување за сите што сакаат добар фудбал: дербито Победа – Шкендија е в сабота од 13.30 часот.

Комплетниот аудио-разговор е од емисијата „Прилепски спорт на Радио Холидеј“ секој работен ден од 10.40 часот на 102.1 MHz FM или на

Почетна

 

 

Од категоријата

ДЕНЕСКА ФУДБАЛ ЗА ПУБЛИКА НА ТРИ ТЕРЕНИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПО БАБУНСКИ, СРБИ И НИГЕРИЈЦИ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ВО 14 ЧАСОТ Е БОРБАТА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион