Фудбал

ПО БАБУНСКИ, СРБИ И НИГЕРИЈЦИ ВО ПОБЕДА!

Само еден потег, назначувањето за тренер на реномираниот стручњак Бобан Бабунски е доволен за ведра атмосфера во прилепска Победа. Штом таков човек со играчка и тренерска кариера доаѓа во Прилеп, вербата е дека работите ќе се движат во позитивна насока. За тоа говори и податокот дека само еден играч досега има заминато (Дарко Анѓелески во Силекс), а со сите други што покажаа квалитет изминатата сезона, веќе се разговара за останување. Од друга страна, клубот е со намера да земе квалитетни засилувања. Кон таа цел, при крај се преговорите со домашни фудбалери, а исто така многу скоро се очекува доаѓање на проба на неколкумина од Србија и од Нигерија. Нивните вредности ќе се видат на пријателските мечеви, со Работнички, Брегалница и други силни ривали.

Првиот тренинг е в понеделник во 17 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, а за подготовки ќе бидат искористени и другите терени во градот, на Могила и игралиштето со вештачка трева, а тренинзи ќе има и во салата за вежбање „Картуш“ во ДТВ „Партизан“. Според информацијата од првиот клупски човек Благоја Гешоски, прв асистент на Бабунски ќе биде доскорешниот капитен на Победа Благојче Дамевски, а во Стручниот штаб ќе влезе и Филип Мирчески, тренерот со заслугата за шампионскиот трофеј на младинската екипа.

ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОБЕДИНЕТ ОКОЛУ ПОБЕДА

Ако се бара најдобар обединителен фактор за жителите на Прилеп, секако тоа е Фудбалскиот клуб Победа. Повеќе илјади луѓе на едно место собрани, тоа го може само овој клуб. Убава можност за обединување и на компаниите. Приватниот сектор со силна финансиска поддршка за омилениот клуб, тоа е она што е очекувано во овој период, кога Победа настојува да биде стабилен прволигаш.

 

Од категоријата

ОФС ПРИЛЕП: САМО КАДИЦА СО СИТЕ ПОБЕДИ!

Зоран Иге

МОЖАТ ДА СЕ ГОТВАТ ЗА БАРАЖ, ИАКО ИМА ПЕТ КОЛА ДО КРАЈОТ!

Зоран Иге

(ФОТО) ГОЛОВИ И ОД ЦЕНТАР СО ЕКИПИ ОД СКОПЈЕ, Д. ХИСАР, ОХРИД…

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе