100 години фудбал во Прилеп

ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА НЕРЕШЕНИОТ РЕЗУЛТАТ

Или победуваш или губиш, нерешено нема е најчудната реформа во фудбалот на овие простори, која се случи летото 1988 година, кога прилепска Победа се подготвуваше за првенството од Третата југословенска лига – Исток. Тогаш Конференцијата на Фудбалскиот сојуз на Југославија воведе новина – укинување на нерешениот резултат со поделбата на бодовите. При нерешен резултат, веднаш се изведуваа пенали, по што поуспешниот тим освојува бод, поразениот останува со празни раце. Одлуката беше поттикната од премногу сомнителни резултати, особено нерешени резултати, кога ривалите си ги делеа бодовите. Новите правила и нанесоа штета на Победа, бидејќи таа немаше среќа при изведувањето на пеналите. На пет нерешени меча освои само бод, за 13. место меѓу 18 тима. Да ги земеше сите пет бода од пеналите, ќе беше на 5. место со 35 бода.

Чудното правило последен пат важеше за сезоната 1991/92, до распадот на Југославија.

Од категоријата

КАКО ИСЧЕЗНА ВРЕЌАТА ПАРИ ОД ВЛЕЗНИЦИТЕ?

Зоран Иге

БЕЛГРАДСКИ НОВИНАР НАПИША: ПРИЛЕП БЕЗ ВОЗДУХ МОЖЕ, БЕЗ СВОЈАТА ПОБЕДА НЕ МОЖЕ!

Зоран Иге

ИЛЈАДНИЦИ ГЛЕДАЧИ НА ТРЕНИНГ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе