Активности на Фудбалската федерација на Македонија. Од оваа организација има донација на возило за прилепската болница. По овој настан, има јавна благодарност од ПЈЗУ општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ од Прилеп:
– Изразуваме искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и до потпретседателот Марјан Стојковски – Мантата за нивната вредна донација на возило. Вашата поддршка е поттик за сите нас да продолжиме со уште поголема посветеност и грижа кон пациентите и заедницата – велат од Болницата.
На фотографијата се гледа подареното возило, а околу него се претставници на медицинскиот персонал и претставници на Фудбалската федерација на Македонија (потпретседателот Марјан Стојковски – Мантата) и на Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп (секретарот Петре Илиоски – Бојата).