Ако се бараат позитивни новости, ги има во прилепскиот кошаркарски машки прволигаш Мега баскет. Првата новост е дека есенскиот дел од првенството почнува в понеделник, 20 октомври, во 20.30 часот. Тогаш е мечот Мега баскет (Прилеп) – Црн Дрим (Струга) во салата од ООУ „Добре Јованоски“. Од прилепскиот клуб јавуваат и за нов финансиски поддржувач.
– Досега со нас беше генералниот спонзор „Прилепска пиварница“, како и „Матадор“ и „Бимфуд“, а сега имаме и четврта компанија, „Гурмано Кривогаштани промет“. Се разбира, имаме место во клубот и за други спонзори – порачуваат од КК Мега баскет.
Во групата А од Првата лига учесници се 7 екипи. Еве ги двојките за 1. коло: Мега баскет (Прилеп) – Црн Дрим (Струга), Водно санс (Скопје) – Охрид, Вардар (Скопје) – Тетекс (Тетово), а Младинец (Скопје) е слободен.