Според она што е објавено од страна на второлигашот, Фудбалскиот клуб Големо Коњари, денешниот пријателски натпревар со прволигашот Вардар од Скопје претставува обединување на генерациите. Впрочем, еве ја објавата во целост спроти пријателскиот меч на кој Вардар победил со 4:0, со головите на Циммбембе Варен, Михаил Талевски, Бајо и Спахију.
„Натпреварот меѓу Големо Коњари и Вардар ќе биде многу повеќе од обична пријателска средба – тоа ќе биде ден кога фудбалот повторно ќе ги обедини генерациите, а малото село ќе биде во центарот на фудбалската мапа на Македонија.“
Второлигашот Големо Коњари следниот првенствен меч го има на 25 октомври дома со штипска Брегалница, а прволигашот Вардар на 22 октомври има куп-меч со Новаци.