Кампањата за претстојните локални избори е во тек, така што можат да се слушнат разни најави, ветувања, планови и во врска со спортот во Прилеп. Според новото обраќање на кандидатот за советник Златко Рикалоски (некогашен пингпонгар, сега во служба на клубот Младост 96 и на Пингпонгарската федерација на Македонија), може да се очекува во иднина нов спортски објект, на местотото каде што сега е таканаречената Соколана. Таа сала би имала капацитет од 2.000 гледачи. Подолу е линкот со обраќањето на Златко Рикалоски.
ВИДЕО