На анкетното прашање се добредојдени да одговорат сите што се упатени во случувањата во прилепскиот спорт. Суштината е да се определат дали се за клубовите да имаат приватна сопственост или државна/општинска сопственост, дали финансирањето да е од приватни компании или од општинска/државна каса, дали да се има странски или домашен инвеститор, дали да се акционерски друштва или здруженија на граѓани итн.
Препорака е да се одговори концизно, со една/две-три реченици, на пример: сум за таков и таков модел на прилепски спортски клуб…
Одговорите и на Радио Пела (емисија денеска-понеделник од 11 до 12 часот, како и на порталот и фејсбук-страницата) пишувајте ги се до сабота, до следниот спортски викенд, а од понеделник/вторник ќе има ново анкетно прашање. Ви благодариме!