Паузата во фудбалските првенства е за пријателски мечеви. Така, за денеска (четврток) од 15 часот е закажан пријателскиот дуел меѓу второлигашот Големо Коњари и прволигашот Вардар од Скопје. Врската меѓу двата клуба се прилепчаните коишто се во редовите на Вардар, како шефот на Стручниот штаб (Гоце Седлоски), голманот (Давор Талески), помошникот-тренер (Тони Мегленски), кондицискиот тренер (Антонио Бошески). За Гоце Седлоски треба да се каже дека е роден во ова место, детството и младоста ги има поминато тука, има играно за некогашниот второлигаш од Големо Коњари (тогаш со име Братство) и секогаш, каде и да е, излегува во пресрет на своите големокоњарци за пријателски меч, како на пример кога беше во клубот Шкупи.
Второлигашот Големо Коњари следниот првенствен меч го има на 25 октомври дома со штипска Брегалница, а прволигашот Вардар на 22 октомври има меч за Куп со Новаци.
МОЛБА ЗА ПОМОШ ДО 075 885 045!
