Почна Тринаесеттиот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2025“ во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Одиграни се првите три меча, на кои највисока победа постигна Пилана Жарко/Железарија Желеко. Подолу се резултатите,
Д-група: Кафетерија – Комфи ангел 1:2
Х-група: Десово градба – Џулијано/Хримакс 0:3
Ц-група: Пилана Жарко/Железарија Желеко – Тутунски комбинат 4:0.
Организаторот совреме ги одреди двојките за денеска и за утре.
Распоред за сабота, 13 декември,
17.00 ч.: Јока – Вик (Ф-група)
17.45 ч.: Братство 07 – Пролетер (Г-група)
18.30 ч.: Кули – Мермерен комбинат (Е-група)
19.15 ч.: Електроелемент/Паркетар Горан – Портофино (Б-група)
20.00 ч.: ПВЦ Никем – АЦ Милан (Е-група)
20.45 ч.: Кибо пласт – Џулијано/Хримакс (Х-група)
Распоред за недела, 14 декември,
17.00 ч.: Мермерен комбинат – АЦ Милан (Е-група)
17.45 ч.: АСП Пак – Комфи ангел (Д-група)
18.30 ч.: АСП Пак – АМД Прилепец (Д-група)
19.15 ч.: Фенербахче – Кибо пласт (Х-група)
20.00 ч.: Фенербахче – Десово градба (Х-група)
20.45 ч.: Компанија Атанасовски – Гостилница Мерак (А-група)
21.30 ч.: Компанија Атанасовски – Автоконтрол (А-група).
Сите дуели привлекуваат внимание, особено меѓу екипите од Скопје, Компанија Атанасовски – Гостилница Мерак. Гледачите со 50 денари влезница за групната фаза имаат можност да ја гледаат целата програма од еден ден.