Вчера, денеска и утре, петок, сабота и недела, 12, 13 и 14 декември 2025 година се значајни денови за Прилеп (Македонија) и Дубровник (Хрватска) затоа што се случува фудбалско збратимување на двата града, што е предуслов за плодоносна соработка. Иницијативата е на претставниците од двете страни, Тони Наумоски (познат тренер во ФШ Тони или ФК Прилеп) и Љупчо Стојков (велешанец, веќе две години тренер во Фудбалската академија Конавле од Дубровник, Хрватска).


Еве што пишува на објавата од страна на Фудбалската академија Конавле:
ЗБРАТИМУВАЊЕ НА ФУДБАЛСКИТЕ ШКОЛИ
Горди сме што можеме да најавиме официјално збратимување на фудбалските школи ФК Тони (Прилеп) и Фудбалска академија Конавле (Хрватска). Се случува од 12 до 15 декември 2025 во Прилеп, Македонија.
Овој настан го слави пријателството, спортскиот дух и заедничката мисија во развојот на младите фудбалски таленти, Присутни од Дубровник: 50 родители и 25 деца од 2016 генерација. Содржина: заеднички тренинзи, размена на искуства, пријателски натпревари, дружење и нови спортски врски.
Спортот обединува, а ова обединување е почеток на долготрајна и успешна соработка.


И досега се е според планот: пристигнувањето на гостите од Дубровник беше вчера (петок), потоа сместувањето, преноќевањето, посетата на Крушево и знаменитостите, а и утре се е исполнето, низ одигрување на пријателски натпревари на теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Покрај Фудбалската академија Конавле од Дубровник и Фудбалската школа Тони, вклучени се уште неколку: Фудбалската школа Перак од познатиот тренер и професор Зоран Димоски (Прилеп), Фудбалскиот клуб Пелистер (Битола) и Фудбалската школа од Могила, Битолско.
За време на пријателските натпревари, од трибината гледачи се родителите на децата од Прилеп, Битола, Могила и Дубровник.

