На Тринаесеттиот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2025“ во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп се се поинтересни дуели. Пенали поради нерешениот резултат 2:2 се изведоа на мечот Братство 07 Житоше против Пролетер Прилеп, каде со со 3:2 поуспешен беше Пролетер, исход којшто одлучува само на крајот, доколку екипите имаат ист број бодови.


Екипите се одбрани, со одбрани играчи, главно познати фудбалери, од познати клубови. Ги има од цела Македонија, не само од Прилеп и Прилепско, ами и од Скопје, Македонски Брод, Охрид, Битола… Има и високи триумфи, како Кули од 7:1 со солидниот тим Мермерен комбинат.


Екипата Кули ја сметаат како кандидат за освојување награди, бидејќи за неа играат докажани фудбалери, а млади: Шемкоски, Тодороски, Јосифоски, Поп-Антоски, Богевски, Дебрешлиоски, Крстески, Кофиловски, Митрески, Грујоски. Во нивните брзи акции, додавања, силни и прецизни шутеви, ужива пибликата на трибината којашто секој ден се полни со љубители на малиот фудбал.
ВИДЕО (вториот гол за екипата Кули)
Резутати од сабота, 13 декември
17.00 ч.: Јока – Вик 1:0 (Ф-група)
17.45 ч.: Братство 07 – Пролетер 2:2, 2:3 на пенали (Г-група)
18.30 ч.: Кули – Мермерен комбинат 7:1 (Е-група)
20.00 ч.: ПВЦ Никем – АЦ Милан 4:2 (Е-група)
20.45 ч.: Кибо пласт – Џулијано/Хримакс 1:4 (Х-група)
Распоред за денеска, недела, 14 декември,
17.00 ч.: Мермерен комбинат – АЦ Милан (Е-група)
17.45 ч.: АСП Пак – Комфи ангел (Д-група)
18.30 ч.: АСП Пак – АМД Прилепец (Д-група)
19.15 ч.: Фенербахче – Кибо пласт (Х-група)
20.00 ч.: Фенербахче – Десово градба (Х-група)
20.45 ч.: Компанија Атанасовски – Гостилница Мерак (А-група)
21.30 ч.: Компанија Атанасовски – Автоконтрол (А-група).

