По денешниот последен натпревар во Радовиш, Детонит – Скопје 1:0, составена е конечната есенска табела од Втората фудбалска лига на Македонија. На неа првак е тимот на Охрид, а претставниците од Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп се во долниот дел – Победа на 13. место со 11 бода, Големо Коњари на 16. место со 3 бода.
Пролетниот дел од првенството почнува на 21 февруари од 14 часот 2026 година, кога се игра 16. коло: Победа Прилеп – Новаци, Детонит Радовиш – Големо Коњари, Тетекс Тетово – Вардар Неготино, Кожуф Гевгелија – Брегалница Штип, Осогово Кочани – Саса Каменица, Шкендија Арачиново – Преспа Ресен, Беласица Струмица – Охрид, Слога Виница – Скопје.