По три одиграни кола, максимум 9 бода има само еден тим (Канатларспор), во Б-лигата од Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп. Последниот меч го доби убедливо дома. Засега до врвот блиску се и Прилеп сити и Пролетер, но има време за борба и за следни случувања во лигата.
РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ 3. КОЛО: Канатларспор – Партизан Обршани 4:0 (Октај Јусуфоски 2, Окан Јусуф, Гуркан Јусуф), Боротино – Корзо Прилеп 0:2 (- Мартин Темелковски, Кирил Мирчески), Братство Житоше – Пролетер Прилеп 1:3 (Џенан Идризовиќ – Фатмир Демироски 2, Шефкија Бајрамоски), Канатларци – Прилеп сити 1:2 (Шенол Ибраимовски – Мартин Наумов 2).
ТАБЕЛА: Канатларспор 9, Прилеп сити и Пролетер 6, Корзо, Партизан, Братство Ж. и Боротино по 3, Канатларци 0.
СЛЕДНО 4. КОЛО: Партизан – Прилеп сити, Пролетер – Канатларци, Корзо – Братство Ж., Канатларспор- Боротино.
МОЛБА ЗА ПОМОШ!!!
