Вчера на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во второто полуфинале за добивање првак на ОФС Прилеп, Кадица (Забрчани) – Кадино (Кадино Село) се случи пресврт. Поведе четвртиот на табелата, Кадино, со 0:1, со голот од пенал во 12. минута. Прекршок во шеснаесетникот беше направен врз Миле Талески, а од белата точка пеналот успешно го изведе Мартин Никовиќ, така што Кадино поведе со 0:1. Овој тим добро се држеше до 16. минута. Тогаш резултатот на 1:1 го израмни Христијан Петрески. Сепак, важна е 30. минута, кога Благојче Митрески го доведе тимот Кадица во водство од 2:1, а само две минути подоцна, во 32. минута, Христијан Митрески постигна гол, за 3:1, додека Благојче Митрески го даде следниот гол од пенал, во 40. минута, за 4:1. Тој е резултатот од првото полувреме. Во второто полувреме падна само уште еден гол, во 53. минута, преку Христијан Митрески, така што конечниот резултат е 5:1 за Кадица. Очекувано, ако се земе предвид дека овој тим во основниот дел од првенството беше првопласиран на табелата од Општинската квалитетна А-лига на ОФС Прилеп.


Финалето Кадица (Забрчани) – Стрела (Ерековци) е в среда, 13 мај, во 17 часот, пак на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
КАДИЦА (ЗАБРЧАНИ)
Василе Јанкоски
Христијан Петрески
Хриистијан Митрески
Михаил Ѓорѓиоски (80. Рубинчо Велески)
Денис Димитриоски (25. Александар Столески)
Горан Базеркоски (80. Валентин Трајкоски)
Благојче Митрески
Михаил Карески (55. Александар Димески)
Амел Фетаховиќ
Зоран Јорданоски (55. Дејан Танески)
Бобан Крстески.
Тренер: Панче Здравески.
КАДИНО (КАДИНО СЕЛО)
Иларион Иваноски
Валентин Степаноски
Николче Неделкоски
Владимир Ачкоски
Жарко Цветаноски
Слободан Ангелески (30. Борче Талески)
Петар Митрески
Филип Грујоски
Миле Талески
Бојан Самарџиоски (73. Орде Митрески)
Мартин Никовиќ.
Тренер: Миле Кебакоски.




Судењето одлично го извршија Душко Стојсављевиќ, Димитар Здравески и Марјан Смилкоски, контролор беше Горан Ангелески.

ВИДЕО од целиот натпревар:
————-
АКЦИЈА ЗА ХУМАНОСТ НА 12 МАЈ (ВТОРНИК)
Карти може да набавите од билетарата на НУЦК Марко Цепенков
Во животот човек не се станува со пари. Богати сме доколку помагаме, богати сме доколку имаме човечност, срце. Големината на човекот е во помагањето на другите. Колку сме богати и големи зависи од нас. На 12.05.2026г во ДОМ НА КУЛТУРАТА МАРКО ЦЕПЕНКОВ со почеток во 20:00 часот. Дојдете, покажете ја вашата големина, покажете дека заедно можеме нешто, нешто што предизвикува насмевка, нешто што СПАСУВА живот.
ЗА МОНИКА!!! Ве очекуваме
#ЈасСумХуманБидиИТи!