Голема борба се очекува и денеска, на второто полуфинале од Плејофот за добивање првак на ОФС Прилеп, меѓу екипите Кадица (Забрчани) – Кадино (Кадино Село). Играат првиот со четвртиот на табелата од основниот дел на Општинската квалитетна А-лига на ОФС Прилеп. Подолу се изјавите од двата табора.
– Наша цел е да постигнеме победа на овој меч. На вакви дуели нема фаворити. Топка е. Мора да одиграме како што знаеме, да дадеме максимум, за да дојдеме до успехот. Добро е што ќе бидеме безмалку комплетни, сите, освен еден повреден, се ставени на располагање – рече Панче Здравески, претставникот на Кадица.
– Моментно имаме послаба екипа од противничката. Имаме двајца повредени клучни играчи. Тие се фаворити на овој меч, но сигурно нема да се предадеме. Претстои борба – вели Миле Кебакоски, претставник на Кадино.
Судии за денешниот меч се Душко Стојсављевиќ, Димитар Здравески и Марјан Смилкоски, контролор Горан Ангелески.
Двете екипи на последните настапи ги имаа следните состави,
КАДИЦА (ЗАБРЧАНИ)
Александар Столески
Зоран Јорданоски
Александар Димески
Горан Базеркоски
Михаил Ѓорѓиоски
Рубинчо Велески
Михаил Карески
Благојче Митрески
Амел Фетаховиќ
Денис Димитриоски (46. Валентин Трајкоски)
Дејан Танески.
КАДИНО (КАДИНО СЕЛО)
Иларион Иваноски
Николче Неделкоски
Бојан Самарџиоски
Миле Талески
Жарко Цветаноски
Мартин Никовиќ
Петар Митрески
Слободан Ангелески
Валентин Степаноски
Владимир Ачкоски
Мартин Ангелески.
И денешново полуфинале е од 17 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
АКЦИЈА ЗА ХУМАНОСТ НА 12 МАЈ
Карти може да набавите од билетарата на НУЦК Марко Цепенков
Во животот човек не се станува со пари. Богати сме доколку помагаме, богати сме доколку имаме човечност, срце. Големината на човекот е во помагањето на другите. Колку сме богати и големи зависи од нас. На 12.05.2026г во ДОМ НА КУЛТУРАТА МАРКО ЦЕПЕНКОВ со почеток во 20:00 часот. Дојдете, покажете ја вашата големина, покажете дека заедно можеме нешто, нешто што предизвикува насмевка, нешто што СПАСУВА живот.
ЗА МОНИКА!!! Ве очекуваме ![]()
#ЈасСумХуманБидиИТи!