Денеска на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ имаше бараж-финале за победник во Општинската лига на ОФС Прилеп, победник кој стекна право да биде член на Третата лига – Југ. Екипата Кадица (Забрчани) со 2:0 го совлада Млекар (Мало Коњари). Стрелци: Дарко Аврамоски во 7. и Рубинчо Велески во 70. минута. Овој меч пред многу публика помина во одлична организација на ОФС Прилеп. Правдата ја поделија Душко Стојсављевиќ, Марјан Смилкоски и Димитар Здравески. Делегат/контролор беше Зоран Костоски. Медалите ги доделија Петре Илиоски, секретарот на ОФС Прилеп и Илчо Јорданоски, комесарот за ова натпреварување, а пехарот на капитените Валентин Трајкоски и Дејан Танески го додели Никола Трајкоски, членот на Младинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија.


Претходно Кадица беше подобра со 2:0 од Кадино, а Млекар со 5:4 на пенали (0:0) го елиминира Гарван (Десово).


