Некои спортови викендов имаат пауза во првенствата, но во ракометот тоа не е случај. Во Супер лигата на Македонија за мажи на ред е 8. рунда. Треба да се одиграат четири меча, Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер, Пролет – Алкалоид, Радовиш – Тиквеш и Прилеп – Охрид, бидејќи претходно два се одиграа, Куманово – Вардар 25:32, Бутел – Струга 30:27. Дуелот во Радовиш ќе се одигра во вторник, а другите три денеска. Во Прилеп, Прилеп за ривал го има Охрид, во 18.30 часот. Бидејќи домашниот тим е со амбиции за плејофот, а гостинот е силна екипа, моментно петтопласирана, владее голем интерес за мечот, многу гледачи, така што препорачливо е совреме доаѓање во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.
ТАБЕЛА: Вардар 16, Алкалоид 12, Еурофарм Пелистер и Бутел по 11, Охрид 9, Пролет 7, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп 6, Тиквеш и Струга 4, Куманово 2, Радовиш 0.
ЖЕНИ
Во Првата лига на Македонија за жени, во 5. коло, Овче Поле СУ (Свети Николе) – Деспина (Прилеп) 33:21, а во рамките на 6. коло, Деспина дома ја чека Стружанка (Струга) на 25 октомври.