Кога се игра меч неѓу локални екипи тоа е меч што се чека со нетрпение, каков што е денешниот Победа – Големо Коњари, од 6. коло на Втората лига на Македонија. Двата тима се надеваат и се борат за првиот есенски триумф, така што расположението меѓу гледачите е одлично и се очекува многу народ на трибините. И од двата клуба предвидуваат голема посета.
– Овој меч заслужува многу публика. Токму денеска планираме еден позитивен пресврт во првенството – вели Филип Мирчески, домашниот тренер.
– Прилеп за мене останува најфудбалскиот град. Очекувам публика онолку колку што заслужува едно прилепско локално дерби во кое редно е да освоиме први бодови – се зборови на Јовица Блажески од Македонски Брод, гостински тренер.
И двата ривала во Прилеп ќе имаат нови играчи коишто досега немаат настапено во есенскиов дел.
ДВОЈКИ за 6. коло на 27 септември во 15 часот, освен за Тетекс – Беласица на 28 септември во 15 ч.: Победа – Големо Коњари, Новаци – Саса, Шкендија А. – Слога В., Осогово – Детонит, Кожуф – Скопје, Вардар Н. – Охрид, Брегалница Ш. – Преспа.
ТАБЕЛА
- Брегалница Ш. 13
- Беласица 13
- Кожуф 11
- Шкендија А. 11
- Скопје 10
- Новаци 9
- Охрид 8
- Детонит 7
- Осогово 7
- Тетекс 6
- Вардар Н. 6
- Саса 5
- Слога В. 3
- Преспа 3
- Победа 1
- Големо Коњари 0.