Фудбал

ГОЛЕМО КОЊАРИ: ЗАСИЛЕНО СО ТРОЈЦА, ДОАЃА ПО ТРИУМФ ВО ПРИЛЕП!

Некогаш во исти ранг беа Победа и 11 Октомври, подоцна се приклучи и Корзо, а сега во таа улога е Големо Коњари, како претставник на ОФС Прилеп. Во рамките на 6. рунда од Втората лига на Македонија, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се игра локалното дерби Победа – Големо Коњари. И едниот и другиот тим есенва немаат победено, па затоа се очекува меѓусебна пресметка што ќе ги задоволи многубројните гледачи.

– Прилеп за мене останува најфудбалскиот град. Очекувам публика онолку колку што заслужува едно прилепско локално дерби. Нашите момчиња се мотивирани, работевме целава недела, се подготвувавме, редно е да ги освоиме првите бодови. Домаќините од Победа имаат тренерска промена, за жал, и тие, како ние, не успеаја во првите пет кола да го дадат максимумот. Ние во врска со Победа сметаме дека е на наше ниво и дека можеме да одиграме. Засилени со тројца – двајца од Слога Лажани, еден од Младост Кривогаштани, одиме на победа. Сепак, во врска со составот, последниот денешен тренинг е најважен, за да видиме кои 18 ќе ни бидат на располагање – вели Јовица Блажески, шеф на Стручниот штаб на Големо Коњари.

ДВОЈКИ за 6. коло на 27 септември во 15 часот, освен за Тетекс – Беласица на 28 септември во 15 ч.: Победа – Големо Коњари, Новаци – Саса, Шкендија А. – Слога В., Осогово – Детонит, Кожуф – Скопје, Вардар Н. – Охрид, Брегалница Ш. – Преспа.

ТАБЕЛА

 

  1. Брегалница Ш. 13
  2. Беласица           13
  3. Кожуф                 11
  4. Шкендија А.      11
  5. Скопје                 10
  6. Новаци                 9
  7. Охрид                   8
  8. Детонит              7
  9. Осогово              7
  10. Тетекс                 6
  11. Вардар Н.           6
  12. Саса                     5
  13. Слога В.               3
  14. Преспа                 3
  15. Победа                 1
  16. Големо Коњари 0.

Од категоријата

ПОБЕДА НАМЕСТО ДОМАЌИН ВО ПРИЛЕП – ГОСТИН ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

(фото, стрелци) ДОЖД, А И ГОЛОВИ НА ДЕРБИТО ВО ПРИЛЕП, НА КОЕ ПОДОБАР БЕШЕ ТИМОТ ЧИЈ ЧЛЕН Е 60-ГОДИШЕН ИГРАЧ!

Зоран Иге

(фото) И НА СТУДОТ ПАК СТОТИНА ПРИЛЕПЧАНИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион