За новости никогаш во клубот не е доцна. Така и во Победа, од 6. коло, од сабота од второлигашкиот меч дома со Големо Коњари, во неа има нов тренер, шеф на Стручниот штаб (Филип Мирчески) и нов голман (Дарко Тофилоски). Оваа недела секој ден е по еден тренинг под водство на новиот стратег.
– Тофилоски се подготвува, тренира и веројатно ќе го брани нашиот гол в сабота. Решени сме да дадеме максимум за да стигнеме до позитивиен резултат. А токму овој дуел може да донесе позитивна енергија за следните мечеви – вели Мирчески.
Двајцата (Филип Мирчески, Дарко Тофилоски) на истите позиции и порано беа дел од тимот на Победа, во прволигашката сезона 2022/23.
МОЛБА ЗА ПОМОШ!
