Фудбал

ПРИЛЕП: НОВ ТРЕНЕР, СОСТАНОК И НОВ ОПТИМИЗАМ ВО ПОБЕДА!

Триесетишестгодишниот Филип Мирчески е назначен за тренер, шеф на Стручниот штаб на Победа, по оставките на Стојанче Дунимаглоски и тренерот на голманите Дејан Кебакоски. Станува збор за некогашен капитен на Победа и 11 Октомври, прогласуван двапати за спортист на Прилеп, подоцна тренер во младинската екипа на Победа (стана шампион на Македонија во сезоната 2021/22), а есента 2023 беше и шеф на Стручниот штаб во сениорскиот второлигашки тим, но и тренер којшто ја водеше генерацијата во Младинската лига на европските шампиони. Исто така важно е да се знае за него дека беше и директор на Младинската академија во Победа, а ја има и приватната Фудбалска школа Вондеркидс.

Мирчески попладнево го одржува тренингот со сениорскиот тим на Победа, тим којшто е во голема есенска криза – со само 1 бод од 5 меча. Сепак, нема предавање, многу е рано за такво нешто, а на многумина им е совршено јасно дека ова што и се случува на Победа не е реално, далеку е од вистинските можности, под услов клубот да се среди, условите да се подобрат, играчите да се подготват… Нов оптимизам има по одржаниот денешен состанок на водечките луѓе со тренерот и играчите. Дознаваме дека клубот е во очекување на финансиска помош, нешто што битно ќе ја подобри состојбата, така што и оптимизмот е врз реална основа. На денешниот тренинг сериозно се подготвува и голманот Дарко Тофилоски, чиешто враќање на голот се најавува подолго време, а можно е да се случи в сабота.

Мечот в сабота е против Големо Коњари, меч закажан за 15 часот.

Од категоријата

ПРИЛЕП: ПРЕД ТРИ ГОДИНИ НА ИСТА, В САБОТА НА СПРОТИВНА СТРАНА!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ПРВ ПОРАЗ НА ЛИДЕРОТ!

Зоран Иге

НАБРЗИНА ДВАПАТИ ПО ДВА ГОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион