По безмалку двегодишна пауза активен е Фудбалскиот клуб Партизан, така што пак има фудбал во Обршани. Некогашниот второлигаш сега е пријавен да учествува во Б-лигата од Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп, во петтиот ранг. Веќе се играат пријателски мечеви, а игралиштето е подготвено со рефлектори и за првенствени дуели. Тренер на екипата е Дарко Евтинџиоски, а има и нови играчи: Андреј Ѓорески, Андреј Николоски, Ангел Котески, Александар Николоски, Александар Паскоски, Антонио Николоски, Стефан Најдоски, Пеце Стомнароски…
Ривали во Б-лигата ќе бидат: Канатларспор и Канатларци (Канатларци), Боротино (Боротино), Братство (Житоше), Прилеп сити, Пролетер и Корзо (Прилеп). Лигата ќе стартува на 27 септември, в сабота.
Трите фотографии се од игралиштето во Обршани, испратени од познатиот фудбалер од ова место Николче Шаркоски, сега член на гевгелиски Кожуф. Има и други познати фудбалери обршанци, од Стеван Глушески, Владо Димоски, Сотка Мишкоски, Гоце Аџиоски до Давид Тошевски – сегашен играч во Белгија.