Фудбал

(фото) И НА СТУДОТ ПАК СТОТИНА ПРИЛЕПЧАНИ!

Се врати студот во Прилеп, некаде попладне, токму кога започна пријателскиот фудбалски натпревар Победа – Вардар Неготино. И покрај тоа што се одигра на теренот со вештачка трева, и покрај студот и ветрот, кога се чинеше дека „жива душа“ нема да има, пак околу игралиштето се собраа стотина прилепчани, приврзаници на Победа. Тие видоа борбен натпревар, во кој поуспешни беа гостите од Неготино.

Иако Победа почна со иницијатива и со прва зрела шанса за гол, Вардар се ослободи и ја префрли играта подалеку од сопствениот шеснаесетник. И покрај серија возбудувања, се чинеше дека на одмор ќе се замине без голови. Но, во самиот финиш од полувремето, во домашниот шеснаесетник убаво се снајде Кирил Неделков и со одмерен удар ја затресе мрежата за 0:1.

Во натамошниот тек се извршија многубројни измени, вообичаени за ваков вид мечеви. Победа настојуваше да дојде до израмнување и имаше неколку шанси. Сепак, наместо израмнување, се случи уште еден гол за зголемување на гостинското водство, преку Петар Ристовски. Домашните бргу возвратија со голот на Бојан Ивчески, за 1:2. Дилемите околу победникот ги разреши Ѓорѓи Шишков по соло-акција, за 1:3.

ПОБЕДА: Столевски, Кофиловски, Поп-Антоски, Д. Дебрешлиоски, Ристов, Арифи, Горгиовски, Крајоски, Влаши, Шиков, Миланоски. Уште настапија: Николоски, М. Талески, С. Спиркоски, Богевски, Да. Спиркоски, Л. Петејчук, И. Трајкоски, Г. Димоски, Ивчески, Табаковиќ, Речкоски.

Следниот тест-меч е в среда, Кожуф – Победа, во Гевгелија.

Од категоријата

САСА ПОДОБРА ОД ДЕСПИНА

Зоран Иге

(состави) ПОБЕДА: МРЕЖАТА ТРИПАТИ СТРЕСЕНА ОД ИСТ ЧОВЕК!

Зоран Иге

(видео) КАДЕТОТ СТРЕЛА И КАЈ СЕНИОРИТЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе