Кошарка

ПРИЛЕПЧАНИ ДАДОА 92 ПОЕНИ ПОВЕЌЕ ОД РИВАЛОТ!

На стартот пд пролетниот дел на Втората кошаркарска лига, во рамките на 12. рунда, прилепски Мега баскет со високи 73:35 го совлада Куманово 2009, на негов терен. Прв меч во кој прилепскиот тим беше предводен од новиот тренер, Србинот Мико Голубовиќ. Меѓутоа, во поглед на разликата во квалитетот на ривалите – ништо ново. И есеноска, во Прилеп, Мега баскет, предеводен од младиот тренер Миле Станимировиќ, беше за класи подобар, со резултат 121:67. Според ова, на двата меча разликата е 92 поени – 194:102.

РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО: Куманово 2009 – Мега баскет 35:73, Маџари – Водно 101:88, Тетекс – МКК Куманово 71:97, Соколи – МЗТ Уни 71:74, Шкупи – Ангели 93:58, Борец – Работнички 85:76.

ТАБЕЛА: МКК Куманово 24, Маџари 22, Шкупи и МЗТ Уни 21, Ангели 19, Борец 18, Соколи 17, Мега баскет, Водно и Работнички 16, Тетекс 14, Куманово 2009 – 11.

СЛЕДНО 13. КОЛО: Мега баскет – Соколи, МКК Куманово – Борец, Работнички – Куманово 2009, МЗТ Уни – Маџари, Ангели – Тетекс, Водно – Шкупи.

Од категоријата

(фото, состави, поени) СИЛНИТЕ СТРУЖАНИ ПОРАЗЕНИ ВЕЧЕРВА ВО ПРИЛЕП, ДОМАШНИТЕ МОЛЕА ДА НЕ СЕ ТРОПА ПО ВРАТИТЕ!

Зоран Иге

(состави, поени) РЕШАВАЧКА ВТОРАТА ЧЕТВРТИНА!

Зоран Иге

РЕВАНШОТ Е В СРЕДА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе