Кошарка Ракомет

ПРИЛЕП: ВЕЧЕРВА И РАКОМЕТ И КОШАРКА ИСТОВРЕМЕНО!

Вечерва истовремено (во 19 часот ) два натпревара во Прилеп. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ има ракомет. По паузата поради репрезентативните настапи, продолжува женската Супер лига на Македонија, со 5. рунда. Екипата Деспина е домаќин на шампионот Ѓорче Петров од Скопје. Публиката може да види квалитетен гостински тим, со сите четири победи есенва. Голот на Ѓорче Петров го чува прилепчанката Матеа Чурлиновска. Меѓутоа и пред домашниот состав на Деспина е предизвик – да покаже повеќе отколку во претходните четири кола.

Табела: Куманово и Ѓорче Петров 12, Вардар и Чаир 10, Овче Поле 7, Металург и Астибо 6, Скопје, Стружанка и Пелистер 4, Спартак и Шампион 3, Деспина и Гевгелија 0.

Истовремено, од 19 часот има кошарка во салата од ОУ „Добре Јованоски“.  Таму е дуелот Мега баскет – Маџари, во 3. рунда од Втората кошаркарска лига на Македонија. Прилепскиот тим загуби (80:73) од Соколи, на првото гостување во Штип, па има можност за рехабилитација со скопскиот кој има ист биланс есенва – победа и пораз. Пред пет месеци овие ривали се сретнаа трипати во полуфиналето на третолигашкиот плеј-оф, кога поуспешен беше Мега баскет.

Табела: МКК Куманово и Водно 4, Мега баскет, Ангели, Маџари, Шкупи, Соколи, Работнички, Борец, МЗТ уни 3, Тетекс, Куманово 2009 по 2.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СО ПЕТМИНА НОВИ ПОЧНУВА УТРЕВЕЧЕР!

Зоран Иге

ТЕТЕКС ВО ЕДЕН ДЕН ТРИПАТИ ПОРАЗЕН ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОСЛЕДНАТА МИНУТА РЕШАВАЧКА ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе