Екипата Црн Дрим од Струга е респектирана во кошаркарската конкуренција. Токму таа е извлечена за прв ривал на прилепски Мега баскет во ждрепката за распоредот во претстојното првенство од Првата лига А-група, втор ранг по вредност. Последниот минатогодишен дуел на овие екипи во Прилеп беше драматичен, со победа на домаќинот од 83:79, пораз којшто гостите тешко го поднесоа, со тропање по вратите од соблекувалната.
Поради изборите на 19 октомври, не се знае точно кога ќе се одигра овој меч, Мега баскет – Црн Дрим, дали в петок (17 октомври) или в сабота (18 октомври). Датумот ќе биде одреден на почетокот од следната седмица. Засега сигурно е само на кое место ќе се одигра – салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп.
Во групата А од Првата лига учесници се 7 екипи. Еве ги двојките за 1. коло: Мега баскет (Прилеп) – Црн Дрим (Струга), Водно санс (Скопје) – Охрид, Вардар (Скопје) – Тетекс (Тетово), а Младинец (Скопје) е слободен.
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА ИКОНИ НА 076 502 403
(секоја порачка е поддршка за порталот и прилепскиот спорт)
