Кошарка

ПРИЛЕП: ГОСТИТЕ ДОАЃААТ СО „ТРОЈКАШОТ“ ОД 25 МЕТРИ, А ДОМАШНИТЕ СЕ БЕЗ КАПИТЕНОТ!

Утревечер (сабота) од 19 часот е мечот Мега баскет – Работнички 2018 од 5. коло на Втората кошаркарска лига на Македонија. Во исполнетата со публика сала на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп се очекува интересен дуел на домашната екипа која има 2 победи и 2 пораза против гостинската со звучно име, со 1 победа и 3 порази. Во домашниот тим поради повреда на коленото нема да настапи капитенот Стефан Стевананџија, а во гостинскиот тим е 20-годишниот Бојан Стојановски, познат од настапот за МЗТ Уни банка на 31 март оваа година. Тогаш во салата на ООУ „Добре Јованоски“ тој успеа да постигне две тројки од близу 25 метри далечина.

ДВОЈКИ 5. КОЛО: Мега баскет – Работнички 2018, Охрид – МЗТ Уни банка, Борец – Водно, Маџари – Соколи, Ангели – Академија ФМП, Бутел – Црн Дрим. ТАБЕЛА: Маџари, Соколи, Борец, Ангели и Црн Дрим 7, Мега баскет, Бутел и МЗТ Уни банка 6, Работнички, Водно и Охрид 5, Академија ФМП 4.

Од категоријата

ПОБЕДИЈА 12 ПАТИ, ИМ СЕ СМЕТААТ 11!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: БОРЕЦ И ПРОТИВ МЕГА БАСКЕТ И ПРОТИВ ПУБЛИКАТА!

Зоран Иге

КОШАРКАРСКА ЕКИПА ОСТАНАЛА СО ТРОЈЦА ИГРАЧИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе