Фудбал

ПРИЛЕПЧАНЕЦ Е ПОСЛЕДНАТА ПРЕЧКА ЗА ПОБЕДА ВО КОЧАНИ!

Утре (недела) од 13 часот е 12. коло од Втората фудбалска лига на Македонија и мечот Осогово – Победа во Кочани. Приврзаниците на прилепскиот тим очекуваат нов успех, нови три бода, по претходниот триумф дома со 6:2 врз Бардарски. Според многу споредби за утрешниот меч. Победа е во улога на фаворит, но тоа треба да го потврди на теренот. Во врска со ова треба да се има предвид дека последната пречка на прилепската екипа во атаците кон кочанскиот гол е голманот на Осогово, 28-годишниот прилепчанец Ѓорѓи Јованоски. Тој пред три години беше на голот на Победа, а во кариерата има настапувано и за Слога (Виница), Големо Коњари, Беласица (Струмица) и 11 Октомври (Прилеп).

ДВОЈКИ 12. КОЛО (недела, 10 ноември, 13 часот): Осогово – Победа, Вардар Н. – Саса, Вардарски – Новаци, Скопје – Башкими, Кожуф – Охрид, Детонит – Беласица, Брегалница – Арсими, Борец – Македонија ЃП.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Башкими 26, Брегалница 24, Арсими 23, Охрид 20, Кожуф 17, Беласица 16, Детонит и Саса 15, Победа 13, Новаци и Вардар Н. 11, Скопје 10, Осогово и Борец 5, Вардарски 2.

 

Од категоријата

На ТВ Работнички – Победа

Зоран Иге

УШТЕ ТРОЈЦА НОВИ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

СПРОТИВНИ ОЦЕНКИ ЗА СУДИЈАТА ПИЛЕШКОВ: ДОДЕКА ПОБЕДА СЕ ЖАЛИ, ФФМ ГО ФАЛИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе