Ракомет

ВЧЕРА ЗА ПРВЕНСТВО, ВИКЕНДОВ ЗА КУП!

Женската ракометна екипа Деспина има серија мечеви, првенствени и за куп. За првенство, во рамките на В-групата, дуелите беа со Спартак во Скопје и со скопскиот Шампион во Прилеп. Првиот меч прилепскиот тим го доби со 27:23, вториот уште поубедливо 37:19. На првиот натпревар најистакнати стрелци беа Сања Цветкоска, Евгенија Цаневска и Андреа Конеска со по 5 гола, додека синоќа Евгенија Илиева постигна 7, Мери Спиркоска и Евгенија Цаневска по 5 гола.

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 14, Вардар и Деспина 8, Спартак 4, Шампион 0.

За Деспина нема многу одмор, бидејќи претстои натпревар за Купот на Македонија. Претстојниов викенд, во рамките на В-групата, Деспина се среќава со шампионот Ѓорче Петров.

Од категоријата

ПРИЛЕП СО ПОБЕДА ПРЕТЕНДИРА ЗА 2. МЕСТО

Зоран Иге

ЕДЕН, А ВРЕДЕН ГОЛ!

Зоран Иге

ТРЕТ УСПЕХ ВО СЕРИЈА ЗА ДЕСПИНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе