Кошарка

ПРИЛЕПЧАНИТЕ НЕМА КОЈ ДА ГИ ЗАПРЕ, ТРИ ОД ТРИ!

Тимот Мега баскет со 67:63 ја совлада Спарта во Скопје, во 3. рунда од кошаркарската машка Трета лига, Б-група. Неколку прилепски кошаркари се пожалија на здравствени проблеми (стомачен вирус), но вложија максимум од своите можности и стигнаа до целта, благодарение, пред се, на црврстата одбрана. Ова е трет триумф во трите досегашни натпревара, по успесите над Гостивар 2 и Дибра иглс. Со овие два бода, Мега баскет го дели првото место на табелата со скопски Албес, со по 6 бода.

МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 12, Јовчески, Здравевски 24, Митрески 2, Давор Трајкоски, Крстески 4, Јаневски 5, Кузманоски 2, Костоски, Настески 7, Домлевски, Дејан Трајкоски 11. Тренер: Стефан Стевананџија.

РЕЗУЛТАТИ: Љуботен – Тетекс 65:121, Гостивар 2 – ИБА баскет 97:78, Дибра иглс – Албес 60:90, Спарта – Мега баскет 63:67.

СЛЕДНО 4. КОЛО (5/6 ноември): Албес – Спарта, ИБА баскет – Дибра иглс, Тетекс – Гостивар, Хераклеа – Љуботен. Мега баскет е слободен.

Од категоријата

ВЕЧЕРВА ДЕРБИ ВО ПРИЛЕП: ПРВИОТ ПРОТИВ ВТОРИОТ!

Зоран Иге

ДЕСЕТ ОД ДЕСЕТ!

Зоран Иге

РЕВАНШ СО КАМАТА: МЕГА БАСКЕТ ПОБЕДИ СО 15 РАЗЛИКА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе