Утре (сабота) од 15 часот е 8. рунда на Втората фудбалска лига на Македонија, во тие рамки и мечот Победа (Прилеп) – Слога (Виница). Интересно е што се среќаваат два тима за кои се смета дека можат повеќе отколку што досега постигнаа. Исто така, се очекува за публиката на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп да бидат еднакво интересни составите на двата ривала. Домашниот е секако важен за прилепската публика, но овојпат и гостинскиот, затоа што во Слога има четворица прилепчани, сите одлични фудбалери: голманот Антонио Столевски, бранителот Христијан Кукески, за врска Давор Богевски и напаѓачот Никола Талески. Прашање е колкумина од нив ќе се појават, бидејќи претходните мечеви отсуствуваше Давор Богевски поради повреда, а на последниот дуел Христијан Кукески доби црвен картон.
Еве ги почетните постави од претходното коло,
ПОБЕДА (Прилеп): Дарко Тофилоски, Лука Варошаноски, Глигор Шиков, Давид Дебрешлиоски, Давид Јошески, Димитар Шаркоски, Кристи Крајоски, Филип Димоски, Никола Павлески, Лука Трајкоски, Андреј Петрески. Тренер: Филип Мирчески.
СЛОГА (Виница): Антонио Столевски, Христијан Кукески (Михаил Воинов), Виктор Крстевски, Сухејб Рушити, Иван Настевски, Никола Талески, Љупчо Христовски, Александар Илиев, Тони Мирчевски, Марко Софијаноски, Давид Спасов. Тренер: Емил Грнев.
ТАБЕЛА: Брегалница Ш. и Шкендија А. 17, Беласица 16, Скопје 14, Детонит и Новаци 13, Кожуф и Охрид 12, Осогово 10, Саса и Тетекс 7, Вардар Н. 6, Победа 4, Слога В., Преспа и Г. Коњари 3.
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА ИКОНИ НА 076 502 403
(секоја порачка е поддршка за спортскиов портал и за прилепскиот спорт – достава на домашна адреса)
