Фудбал

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО СО ХЕТ-ТРИК ВО СТРАНСТВО – НА ПОТЕГ Е ФФМ!

Внимателно и редовно го следиме фудбалот во соседното Косово, затоа што таму мрежите често ги тресе прилепчанчето Салим Арифи. Младиот суперталентиран 19-годишен поранешен член на Победа, израснат во тој најсакан прилепски клуб во кој има постигнато над 100 гола, сега забележа и хет-трик во косовскиот второлигаш Митровица. На тој начин придонесе за триумфот на Митровица со 3:1 врз Дарданија, така што токму Митровица е прво место на табелата, кандидат за влегување во прволигашкото друштво, а Арифи со 9 гола е најдобриот стрелец во првенството. Во првенството каде има остра конкуренција во секој клуб – играат и многу други странци и од други континенти.  

Оттука не е чудно за интересот за него сега од целиот Балкан. Пред се се спомнуваат клубови турски гиганти, а тоа не е се – ситуацијата паралелно будно ја следела федерацијата во Косово, имајќи го предвид потеклото, националната припадност на Арифи и неговите два пасоша – македонски и косовски. Но ако се земе предвид дека е роден и израснат во Прилеп, дека фудбалската јавност овде го чувствува како 100 насто свое дете, очекувањето е реакцијата на ФФМ да биде брза во поглед на повикот за Младата селекција до 21  година каде тој со душа чека да заигра, како што и порано има играно за македонски селекции за помали возрасни категории.

Пред фудбалерот висок 193 сантиметри, кого го нарекувале „нов Мирлинд Даку“ (според познатиот албански фудбалер) претстојат уште три есенски кола во косовската лига, но и многу мечеви во дресот на младата македонска репрезентација, доколку биде бргу повикан.

И ТАТКО МУ ЗА ПРИМЕР!

Многумина не се прашуваат откаде големиот талент кај Салим Арифи. Тие знаат дека сета таа дарба е наследена од татко му Шеки. А исто така интересно – токму татко му е пример за поддршка. Целосна поддршка за него. Слободно може да се каже – поддршка од првиот ден кога има влезено в терен, секое деноноќие по 24 часа. Некој би рекол – ништо неочекувано, кога сето произлегува од најфудбалскиот град, Прилеп.

На втората фотографија Салим е со помалиот брат Един, 11-годишен, кој исто така тренира фудбал.

Од категоријата

ИРЦИТЕ ЈА ВИКААТ НАПОМОШ ПУБЛИКАТА ЗА МЕЧОТ СО ПОБЕДА!

Зоран Иге

(фото, резултати, состави, стрелци) ИЗНЕНАДУВАЊЕ СО ЕДЕН И ВРЕДЕН ГОЛ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ВО 4 ДЕНА НА 6 ФРОНТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион