Иако Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп е казнет со 4 меча играње дома без присуство на публика, интересот за Втората фудбалска лига во градот не се намалува. Сите што на срце ја имаат токму Победа, имаат намера до крај да ја следат борбата на овој клуб за искачување што погоре од опасната зона на табелата. Меѓутоа, во врска со овој ранг натпреварување збунувачка е најновата информација – следното 13. коло е поместено за 6 дена подоцна. Наместо за 15 ноември (нареднава сабота), официјално мечевите (меѓу нив Победа – Кожуф) се најавени за 21 ноември (петок) од 13 часот. Досега никој од фудбалските работници не бил известен зошто ќе има поместување. Но, информацијата е најпресна и извесно дека бргу би требало да има објаснување.
СЛЕДНО 13. КОЛО: Победа – Кожуф, Големо Коњари – Охрид, Скопје – Тетекс, Детонит – Преспа, Слога В. – Саса, Беласица – Новаци, Шкендија А. – Брегалница Ш., Осогово – Вардар Н..
ТАБЕЛА: Шкендија А. 32, Брегалница Ш. и Охрид 27, Беласица 25, Скопје 23, Новаци и Детонит 20, Кожуф и Осогово 17, Саса 14, Тетекс 13, Победа и Вардар Н. 10, Преспа 9, Слога В. 4, Големо Коњари 3.