Денеска беше вториот пријателски меч за фудбалскиот второлигаш Победа. Во Скопје, лидерот на второлигашката табела, Македонија ЃП, победи со минимален резултат 2:1. Во прилепскиот табор има задоволство од прикажаното.
– Одлично беше, 0:0 во првото полувреме. Во вториот дел израмнивме на 1:1 преку Андреј Петрески, роден 2008 година. Беше убав гол од 20 метри. Вториот гол го примивме во 88. минута. Во првата постава настапија: Шемкоски, М. Талески, Петроски, Кофиловски, Ивчески, Каба, Богевски, Да. Спиркоски, Бектеш, Д. Шаркоски и Табаковиќ – информира Стојанче Дунимаглоски, шефот на Стручниот штаб.
Според ова, најнови во Победа се Исмаил Бектеш (Новаци) и Каба (Струга), покрај претходните Насаф Шабанов (Новаци), Метин Ќерими (Вардар Неготино) и Петар Петроски (Слога Виница).
Следниот тест на Победа е в среда, со Шкендија во Арачиново.
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403