Што се случи? Во Струмица, ФМП – Мега баскет 89:63, во 12. коло, прво пролетно, од Втората кошаркарска лига на Македонија. Чудо е ако се знае дека струмичкиот тим есеноска само еднаш победи во 11 меча. Исто така, потсетуваме дека во првото есенско коло, Мега баскет во Прилеп победи со 86:63. Веројатно промените во играчкиот кадар се квалитативно на страната на ФМП.
РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО:
ФМП – Мега баскет 89:63, Маџари – Охрид 93:70, МЗТ Уни банка – Работнички 86:69, Ангели – Борец 87:71, Водно – Црн Дрим 96:90, Соколи – Бутел 87:76.
ТАБЕЛА: Ангели и Соколи 22, Маџари 21, Борец и Црн Дрим 20, МЗТ Уни банка 18, Охрид, Бутел и Мега баскет 17, Работнички, ФМП и Водно 14.
СЛЕДНО 13. КОЛО: Работнички – Водно, Црн Дрим – Маџари, Борец – ФМП, Бутел – МЗТ Уни банка, Охрид – Ангели, Мега баскет – Соколи.