Завршница е од подготовките за следното големо натпреварување – Европското кадетско првенство во борење, за борачи до 17 години, кое ќе се одржи во Скопје од 9 до 14 јуни. На овој значаен настан учеснички ќе бидат две прилепчанки, Ангела Трајкоска и Тамара Цветкоска, членки на БК 7 Мај.
Прилепскиот клуб има инвестирано во овие борачки – секој месец најмалку по 7 дена се на подготовки воКосово, Србија или Бугарија. Големи се очекувањата од двете борачки, бидејќи се наоѓаат во топ форма.
Што се однесува до последниот натпревар, Меѓународниот турнир во Романија, од Женската репрезентација на Македонија само прилепчанките извојувале победи, двете со добар пласман на 5. место.
Во врска со ова и информацијата дека Мартин Стојаноски е назначен за нов тренер за следната сезона. Тој е првиот борач од БК 7 Мај којшто има учествувано на Европско првенство, далечната 2011 во Варшава – Полска.