Викендов (денеска и утре) е 14. рунда од Првата лига на Македонија А-група за мажи, во чии рамки и мечот Мега баскет (Прилеп) – Младинец (Скопје). Терминот е денеска (сабота) од 18 часот во салата на ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. Домаќинот се очекува да тргне кон нов триумф, поддржан од публиката.
ДВОЈКИ ЗА 14. КОЛО: Мега баскет – Младинец, Водно санс – Тетекс, Вардар – Црн Дрим, Охрид слободен.
ТАБЕЛА: Вардар Скопје 20, Мега баскет Прилеп 20, Охрид 18, Водно санс Скопје 17, Црн Дрим Струга 16, Тетекс Тетово 15, Младинец Скопје 11 бода.