Фудбалскиот клуб Победа е во најтешка ситуација, така што многу логична и очекувана е реакцијата на симпатизерите, сите оние што го сакаат и што им е при срце. Сите тие секогаш се собираат масовно доколку е потребно (последен пат ланското лето на 26 јули). Тогаш за Победа се зборуваше дека нема да стартува со подготовки и тренинзи и нема да биде дел од Втората лига, а нешто слично е и сега, во зимскава пауза. Имено, прилепскиот клуб е немоќен и се однесува како да нема Стручен штаб и играчки кадар, нема одржано ниту еден тренинг, нема воопшто закажано прв собир. Ова е претешка состојба којашто никој не се сеќава дека некогаш била. Се зборува дури и дека клубот е пред згаснување и нема да учествува во пролетниот дел од првенството на Втората лига.
Затоа сите што го сакаат овој клуб, сите симпатизери, родители, деца, спортисти, тренери, навивачи, граѓани… предлагаат масовен собир на едно место, во исто време. За местото има предлог да биде во центарот на Прилеп, а денот се предлага да е понеделник, вторник или среда, 2,3 или 4 февруари, додека часот има предлог да е 12 напладне.
Подолу е содржината од ланскиот повик:
Во врска со ова, натаму, интересно е во поглед на секој предлог на Фејсбук да го прочитаме ставот на секој приврзаник на ФК Победа.