Иако е летна пауза, интересот на јавноста за Фудбалскиот клуб Победа не се намалува. Се поставуваат прашања што ќе биде со играчкиот кадар, со тренерите…
Од клубот одговараат дека сакаат да реализираат т.н. прилепски проект. Во врска со играчкиот кадар се најавува задржување на младиот играчки кадар што во тешки околности успеа да избори опстанок во Втората лига, а да доведе, да врати прилепчани што беа заминати во други градови. Во улогата шеф на Стручниот штаб клубот го поддржува досегашниот, Стојанче Дунимаглоски. Според младиот играчки кадар одговара и млад тренер. Сепак, конечна одлука, дозвола во врска со него се чека и од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), бидејќи важна е лиценцата, Б која ја поседува, А за која посетува семинар.
Одморот и за тренерите и за играчите е до почетокот на јули, кога е во план првиот собир на Победа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.