Фудбал

В САБОТА Е ПРВИОТ СОБИР НА ПОБЕДА

Нема повеќе чекање, доаѓа денот за назначување тренер, шеф на Стручниот штаб на фудбалскиот прволигаш Победа. Клупската одлука мора да е овие неколку дена за потоа веднаш да биде закажан првиот собир за почеток на подготовките. Најверојатно, тој прв собир ќе биде в сабота на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Во врска со новиот тренер, дознаваме дека имало две опции. Првата е познат македонски стручњак со богата играчка и тренерска кариера. Со него договорот бил безмалку заокружен. Единствено останувало да се усогласи само уште последната точка од тој договор, па да се случи потпишување. Доколку, сепак, не се случат потписите, тогаш ќе се одбере втората опција, договор со друг стручњак. Но, како што стојат работите, сега се размислува само за првата опција, така што очекувањата се да биде назначен за тренер познатиот стручњак чие име клубот не го објавува, а низ градот навивачите веќе претпоставуваат за кого се работи. Но, коректно е да се причека службена информација од Победа.

Во поглед на играчкиот кадар, засилувања се очекуваат веднаш по назначувањето на тренерот, додека заминат е само Дарко Анѓелески во Силекс.

Од категоријата

ПЕТМИНА ПРИЛЕПЧАНИ НА КУП-ФИНАЛЕТО!

Зоран Иге

(фото) НУЛА-ТРИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПЕТТИ ПАТ СЕ ПОЛНИ СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе