Секако, најважен во фудбалот е резултатот, оној конечниот, а токму тој е превисок во негатива за прилепска Победа на денешното гостување кај фаворитот Шкендија Арачиново. Во Скопје, Шкендија А. – Победа 5:0. Сепак, мора да се издвои и она што беше позитивно, а тоа е отпорот што го даде овој кадетско-младински состав на Победа. До 66. минута беше само 1:0 за домашниот тим. Головите за Шкендија ги постигнаа: Бесар Исени во 15., Зани Назифи во 66. и 68., Дарио Десниќ во 75. и Владимир Жоглев во 82. минута.
За Победа и овој пораз не треба да се смета како некоја катастрофа, со оглед на тоа што екипата е со повеќемина отсутни. Еве кои се фудбалерите што издржуваат, дури и во најтешкото го носат дресот на Победа: Виктор Анѓелевски, Далијан Волчески, Гоце Кузманоски, Роберт Аризанкоски (87. Петар Димкоски), Гоце Петрески (84. Арсениј Солевски), Андреј Петрески (капитен), Стефан Наскоски, Давид Паскоски (74. Михаил Колески), Бојан Смилески (74. Кренар Сулемани), Леонид Митрески и Андреј Лефтероски.
За екипата Шкендија на клупа беа прилепчаните Антонио Столевски и Николче Шаркоски и не влегоа во игра.
РЕЗУЛТАТИ ОД 25. КОЛО НА ВТОРАТА ЛИГА:







ТАБЕЛА:
Брегалница Ш. 58
Охрид 56
Скопје 56
Шкендија А. 56
Беласица 49
Осогово 47
Детонит 44
Новаци 43
Кожуф 36
Тетекс 33
Саса 29
Вардар Н. 19
Преспа 12
Слога В. 12
Победа 11
Големо Коњари 7.
СЛЕДНО 26. КОЛО (сабота, 25 април, 16 часот): Победа – Осогово, Саса – Големо Коњари, Тетекс – Охрид, Преспа – Скопје, Новаци – Детонит, Брегалница Ш. – Слога, Вардар Н. – Беласица и Кожуф – Шкендија А.
,