Фудбал

ИНИЦИЈАТИВА ЗА НОВ КЛУБ ВО ПРИЛЕП!

Во Прилеп за сегашново време се смета дека е кризно во врска со спортот, па секоја вест за нов клуб или обнова на клуб се прима со голема радост. Така на масовно одобрување наиде најавата за обновување на познатиот Фудбалски клуб Варош од истоимената прилепска населба. Клубот е со долга и богата историја, со учество и во Втората лига на Македонија. Обновата се случува по 9 години, бидејќи последниот првенствен меч е одигран на 26 ноември 2017 година. Тогаш на игралиштето во Варош е дуелот Варош – Врбјани 2:0, со головите на Александар Мургоски и Миле Петрески. Мечот е од 13. коло на Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп.

Тогаш Варош настапи во следниот состав: Александар Стојковски, Христијан Мирчески, Дејан Атанасоски, Веле Мартиноски, Дарко Паскоски, Александар Велјаноски (46. Дејан Конески), Христијан Баракоски, Александар Мургоски, Бобан Стојковски (капитен), Миле Петрески и Михаил Јованоски.

Сегашната иницијатива за обнова на ФК Варош е на некогашните членови на Управата – Горан Димески, Филип Грижоски, Методија Пуличоски, Далибор Јошески, како и Веле Мартиноски – играч на последниот натпревар на 26.11.2017.

Овој клуб има фејсбук-страница, на којашто е објавено обраќање кон јавноста:

„Да го обновиме ФК Варош – Прилеп!

Со голема љубов кон спортот и нашата населба, сакаме повторно да го вратиме животот во ФК Варош – Прилеп. Клубот има традиција, историја и место во срцата на многу генерации, а сега е време повторно да заживее.

Ги повикуваме сите поединци, спортски ентузијасти, поранешни играчи, љубители на фудбалот и сите добронамерни луѓе кои сакаат да помогнат во обновата на клубот и подобрувањето на фудбалското игралиште да ни се придружат.

Секоја помош е добредојдена – со идеи, физичка работа, донации или поддршка од каков било вид. Заедно можеме повторно да создадеме место каде младите ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе растат во вистински спортски дух.

Да го вратиме Варош таму каде што припаѓа – на фудбалскиот терен!

Секој што е заинтересиран околу обновата на ФК Варош дали матријално или финансиски нека напише во коментар ќе биде приватно контактиран.“

https://www.facebook.com/fkvaros

 

Од категоријата

(фото) ДВА ПЕНАЛА, ГРЕДА И ЧЕТИРИ ГОЛА!

Зоран Иге

(фото,видео) ДОРИАН БАБУНСКИ СО УБАВ ГЕСТ ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ФК ПОБЕДА ИМ ИСПРАТИ ВИДЕО СО ПОЗИТИВНИ ПОРАКИ И ГИ ПОЗДРАВИ СО СПОРТСКА ОПРЕМА!

Зоран Иге

МНОГУ НОВОСТИ СЕ ОЧЕКУВААТ ОД ПОБЕДА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион